Кеба удрил девојка на пешачки премин, му се заканува затвор од една година

Пејачот Драган Којиќ Кеба вечерва околу 20 часот во улицата “Париски комуни” во Нов Белград предизвика сообраќајна несреќа ! Тој со своето “Ауди А8”, удрил во 18 годишна девојка која ја преминувала улицата на пешачки премин.

Порталот дознава дека повредената има лесни телесни повреди, контузија на градите и посекотини на главата и по лекарските прегледи била пуштена на домашно лекување.

Очевидци на несреќата велат дека Кеба по бил во шок, но излегол од колата и се јавил на Брза помош.

По несреќата направен е полициски увид, додека на Кеба му бил извршен алкотест кој бил негативен.

Согласно законот на пејачот му се заканува затвор од една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e