Двејн Џонсон ја понесе титулата за Најсекси маж за 2016 според магазинот „People“

Магазинот „People“ го избра актерот Двејн Џонсон, кој ја понесе титулата за  Најсекси маж за 2016 година.

Тој од неодамна се најде и прв на листата на најплатени актери во Холивуд, па се чини дека ова е негова година.

44-годишниот The Rock, за насловната позираше во едноставна бела маичка која ги истакна неговите славни мускули и пар фармерки.

Во искрено интервју за магазинот тој открива:  „Стигнав до момент во животот кога сум поискусен како маж и татко. Имам поминато низ подеми и падови во животот: врски и брак, развод, но најважниот елемент е љубовта и таа е многу важна. Научив дека кога љубиш, треба да љубиш моќно. Па, кога ќе ти кажам дека те сакам, тоа навистина е така“.

Исто така тој гостуваше и во шоуто на комичарката Елен Деџенерис, каде отворено зборуваше за неговиот однос со неговите ќерки. Водителката го почести со посебен третман и подготви уникатна најава за него, со што за прв пат објави за неговата нова титула.

„Сеуште станувам во 4 часот наутро и напорно тренирам, го шетам кучето, ги носам децата на училиште.“ – изјави актерот.

По повод титулата за Најсекси маж тој изјави: „ Секси не е нешто што се трудам да бидам, тоа си доаѓа природно кога се чувствуваш удобно во своја кожа. Почестен сум со титулата и им благодарам на фановите за љубовта која ми ја пружаат.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e