Дрејк и раскина на Риана поради оваа атрактивна манекенка

Раперот почнал да се гледа со манекенката Индија Лов. Изворите тврдат дека се нераздвојни, а манекенката веќе објавила фотографија од концерт на Дрејк, каде што го бодрела од бекстејџот.

Дрејк (29) пред само два мсддесеци ѝ изјави љубов на Ријана (28) на доделувањето на MTV наградите, но Daily Mail пишува дека на таа романса и` дошол крајот. Имено, раперот се „затрескал“ во актрактивната манекенка Индија Лов (20), а изворите тврдат дека парот е нераздвоен.


Индија Вестбрукс во јавноста е позната под името Индија Лов. Таа е ѕвезда на Инстаграм и на оваа социјална мрежа се пофалила со фотографија од концертот на Дрејк, каде што го бодрела од бекстејџот.


Убавата манекенка претходно беше во врска со раперот The Game (36), кој неодамна во неговата најнова песна тврдеше дека спиел со Ким (35), Клои Кардашијан (32) и Блек Чајна (28).


„Се гледа со Индија само за да ѝ напакости на Ријана“, тврди изворот за магазинот „E!”, а некои сметаат дека раперот и пејачката се само „пријатели со бенефиции“.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e