Усвоен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

На својата редовна, 55 седница, Владата го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Основна цел на овој предлог закон е департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис и регулаторното тело, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Суштинските измени што се предлагаат се однесуваат на изборот на управните тела и директори на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и во однос на финансирањето на работата на МРТ и АВМУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e