Нови детали за смртта на планинарите Калина и Александар

Федерацијата на планински спортови денеска го објави извештајот на командантот на тимот за брз одговор за заштита и спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување за тоа што се случувало на Кајмакчалан кога загинаа двајцата планинари Калина и Александар.

Според извештајот, групата која се вратила до врвот бидејќи било увидено дека Калина и Александар неогстасуваат, во 13 часот се вратила назад во ски центарот, мислејќи дека тие двајца веќе се вратени назад. Но, тогаш групата констатира дека Калина и Александар не се во центарот и и ја алармира спасителната служба во центарот.

13:10 часот, два ратрака од центарот придружувани во едниот со водичот Зоран и во другиот со Дејан се упатуваат кон врвот по потрага.
Ратракот придржуван со Дејан го пребарува теренот до 14,30. По нивното враќање во центарот Дејан воспоставува телефонски контакт со Калина и Александар, кои му кажуваат дека се добро и дека се под некоја карпа во заветрина. За ова по радиоврска од центарот е информиран ратракот во кој се наоѓа Зоран и почнува претрага на терен каде што се претпоставува дека има карпа.

17 часот потрагата со ратракот е прекината и тимот со Зоран се враќа во Ски центарот. Во меѓувреме 1 ратрак во кој е Дејан повторно трнува во потрага во обид да ги лоцира според остварениот контакт. Телефонски контакт помеѓу овој ратрак и Алексадар и Калина се одржува се до 19 часот.

Извештајот тука завршува и нема детали што се случувало понатаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e