Иванов прв пат по 8 години ја искара Владата

Иванов прв пат по 8 години колку што е претседател ја искара Владата, ја ангажирала војската без негова согласност и знаење.
Справување со сајбер заканите, миграцијата и спречување на илегални мигранти, природните непогоди, поддршка на полицијата за борба со урбаната мафија – според врховниот командант се четирите предизвици со кои се соочува Армијата.

Претсеадтелот Ѓорѓе Иванов на прославата на 25 годишнината од АРМ, порача дека ги знае условите на војниците и побара 2% од буџетот да биде за одбраната. Ја искара Владата дека неосновано ја ангажира војската, не се поздрави ниту со актуелната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, ниту со екс министерот за одбрана и актуелен претседател на собранието Талат Џафери. Претседателот ги одликуваше командата за обука и доктрини, баталјонот за почести и четвртиот механизиран пешадиски баталјон на Армијата на Република Македонија со орден за воени заслуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e