Денеска во 13ч. партиите на Албанците на средба за преговорите за нова влада

И го врати во СДСМ нацрт-законот за албанскиот јазик, а во прилог има и свое мислење за неколку клучни прашања кои се однесуваат на неговиот статус, спроведувањето и усогласувањето со Уставот, дознава Алсат-М.

Кога прашањето на албанскиот јазик ќе биде прифатен од двете страни, тогаш партијата на Ахмети, се очекува да го собере претседателството за да донесе одлука за потписите.

Претходно, Ахмети се сретна и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со кој заедно ги договорија нивните забелешки за решенијата за јазичното прашање што ги предлага СДСМ. Лидерот на ДУИ рече дека пред нив е тешка одлука, а со конечни ставови најави дека ќе излезат до крајот на неделата.

СДСМ чека одговор од албанските партии во форма на пратенички потписи, што им се неопходни за добивање мандат за состав на нова влада.

Предлозите на СДСМ за употреба на албанскиот јазик, за кои се зборува во јавноста, се неприфатливи за Зијадин Села. Претседателот на движењето за реформи на ДПА не сакаше да открие за какви предлози станува збор, додавајќи дека неговата партија останува на ставот за целосно официјализирање на албанскиот јазик.

– Стоиме на ставот дека нема да очекуваме некој да си игра со нашиот јазик, да се зема постоечкиот закон и да се менуваат членовите. Треба закон кој ќе биде во склад со Уставот. Бидејќи Уставот дозволува употреба на албанскиот јазик во сите институции на државата, ние ќе предложиме закон што ќе го официјализира албанскиот јазик во сите институции на државата. Јас не знам кој предлагал и што предлагал, но тие предлози кои се слушаат во јавноста, за нас се неприфатливи, изјави Села доцна попладнево, пред да започне Централното претседателство на Движењето за реформи на ДПА.

На состанокот на претседателството вечерва, како што рече Села, ќе се информираат членовите за преговорите за состав на новата влада, и за средбата која Алијансата за Албанците ја имаше  со потпретседателите на ДУИ. Ќе се разговара и за организирање на партијата во пресрет на локалните избори.

Денеска, како што рече Села, на иницијатива на Алијансата за Албанците, ќе се одржи заедничка средба на политичките партии на Албанците, на која ќе се разгледаат сите опции околу можноста за формирање на новата влада.  Средбата ќе се одржи денеска од 13 часот во хотел Арка во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e