Компанијата Раде Кончар-Теп од Скопје прогласена за национален шампион на европските бизнис награди

Компанијата Раде Кончар-Теп од Скопје прогласена за национален шампион на европските бизнис награди (European Business Awards – EBA), најголемиот бизнис натпревар во Европа.

Компанијата се занимава со производство на електромотори, генератори, трансформатори, апарати за дистрибуција и контрола на електрична енергија и др.

„Раде Кончар – ТЕП“ е водечка компанија во светот на металната и електроиндустријата во Македонија и на Балканот. Таа е дел од брендот „Раде Кончар”, со 65-годишна традиција. Својот развој компанијата го насочува во   иновации на нови производи, иновации во процесот на производството,  иновации во работењето  и сл. Успехот на компанијата се должи на стручноста и усогласувањето со барањата на пазарот, постојано следење на светските трендови, како и комбинирање на функционалноста и дизајнот на понудата.

Еден од најголемите вредности е квалитетот на производите. „Раде Кончар – ТЕП“ поседува сертификат за систем за управување со квалитет ISO 9001: 2008; сертификат за управување со животната средина ISO 14001: 2004; сертификат за добро корпоративно управување, а за својата работа има добиено и бројни признанија и награди. Компанијата постојано инвестира во истражување и развој, со цел изнаоѓање најдобри решенија за секоја побарувачка на своите клиенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e