Зошто стануваме мрзеливи и кои се последиците од тоа?

Станувате мрзеливи и такви сте цел ден, а не ја знаете вистинската причина заради таквата состојба. „Причина за мрзеливоста постои, само треба да ги откриете грешките за кои често не сте свесни дека ги правите“, советуваат експертите.

„Будењето во мракот, брзо заминување под туш, а потоа на работа без контакт со светлина, несвесно влијае на расположението на повеќето луѓе. Личностите кои ја чувствуваат светлината дури попладне се со лоша војла и имаат поголем индекс на телесна маса“ – велат експертите.

Изложувањето на сонце во претпладневните часови е незаменливо. Само половина час од утринската светлина е доволна за подесувањето на внатрешниот часовник и регулирањето на нивото на енергија, апетит и метаболизам. Затоа при утринското будење, прво подигнете ги ролетните, отворете го прозорот и барем накратко уживајте во сонцето.
„Недоволна количина на вода после будењето исто така води до лошо расположение, забуна во главата и чувство на премореност во текот на денот. Но затоа доволното внесување на вода создава чувсво на среќа, енергичност, брзина и сила.

За да бидете подготвени за сите дневни предизвици во првиот час после будењето напијте се три чаши вода, советуваат британските експерти.

„Прескокнувањето на доручекот може да предизвика вкочанетост и магловито однесување во текот на денот. Мажите кои доручкуваат пред заминувањето на работа се расположени, поефективни и побрзо ги завршуваат дневните обврски“ – покажуваат истражувањата.

Здравиот доручек комбиниран со протеини и јаглехидрати е важен за мозокот кој на овој начин добива доволно енергија за нормално функционирање во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e