Зошто понекогаш се будите со затнат нос?

Често се будите со затнат нос, а не сте настинати, не страдате од алергии, секогаш добро ја проветрувате просторијата пред спиење и воздухот во неа не е сув. Се прашувате што се случува и како да го решите тоа.

Причина може да биде и храната. Имено, ако доцна сте јаделе обилен оброк, зачинети јадења или само малку кисело овошје – тоа може да влијае на вашето дишење.

Виновникот често е гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ или ГОРД) или киселина која додека лежи, патува таму каде што не треба – кон вашиот нос и синусите.

Оваа болест, на која најмногу се подложни дебелите луѓе, трудниците, пушачите и оние кои земаат одредени лекови, многу лесно може да предизвика пост-назален секрет, односно кога слузта од носот ви тече низ грлото. Заедно со затнатиот нос се манифестира и со хронична кашлица како и чувство на стегање во горните дишни органи.

Покрај споменатите симптоми, со текот на времето можете да почувствувате и знаци како болка при голтање, зголемена саливација, губење на тежината, лош здив, сува уста и болка во градите.

Затоа, за да се ослободите од затнат нос наутро, лекувајте го рефлуксот.

За почеток, за да избегнете проблем кој погодува милиони луѓе ширум светот, многу е важно да се следат едноставни правила: не јадете пред спиење, избегнувајте алкохол, киселини, зачини и мрсна храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e