Зошто луѓето со прекумерна тежина почесто заболуваат од COVID-19?

Нова студија откри зошто луѓето со прекумерна тежина може да имаат зголемен ризик од тежок облик на ковид и постковид синдром – коронавирусот се крие во масните клетки.

Уште од самиот почеток на пандемијата е познато дека дебелината претставува ризик за тежок облик на ковид и постковид синдром. Од една страна, тоа е поради лошата физичка состојба, зголемениот број на болести или механички проблеми со дишењето.

Но, тоа не е сè. Според студија која уште не е верификува, изгледа дека коронавирусот директно ги инфицира масните клетки. Во тешки случаи, ковид воспаленијата се случуваат директно во масните клетки.

„Податоците од нашата студија сугерираат дека инфекцијата на масно ткиво и поврзано воспаление како одговор на тоа можат да бидат една од причините поради која дебелите луѓе имаат тежок тек на болеста кога се заразени со SARS-CoV-2“, вели професорката и водач на студијата Катерина Блиш од Универзитетот Стенфорд.

Ова откритие не е нешто нови бидејќи се чини дека и други патогени, како вирусот на грип, сака да се вгнезди во телесните масти. Професорката Блиш и нејзиниот тим прегледале масни клетки од пациенти починати од COVID-19. Се покажало дека коронавирусот ефикасно ги користи масните клетки како резервоар за прикривање и со тоа го надмудрува нашиот имунолошки систем.

Покрај тоа, познато е дека луѓето со поголема тежина имаат ослабен имунолошки систем, хронични воспаленија и зголемена склоност кон тромбоза. И тоа може да стане ризик фактор во случај на корона. Многу често овие луѓе имаат зголемен висок притисок, срцеви заболувања и дијабетес. Сите тие фактори дополнително можат да го влошат текот на болеста.

Затоа треба дополнително да се чуваат од инфекции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e