Витаминот Д го произведуваат клетките на кожата кога се изложени на сончева светлина, што го прави уникатен меѓу другите витамини. Но, во текот на зимата не е секогаш лесно да поминувате доволно време на сонце.
Само 15 до 20 минути на сонце може да ви даде доволно витамин Д за тој ден. Но, што ако не сте во можност да бидете на сонце? Како знаете дали имате недостаток на витамин Д?
Витаминот Д не помага само во метаболизмот и имунитетот, туку и во целокупното расположение и функцијата на телото. Сепак, бидејќи знаците на недостаток на витамин Д може да бидат суптилни, тешко е да се утврди недостаток.
„Познато е дека се појавуваат бројни симптоми на недостаток на витамин Д или поради недоволно внесување на храна богата со витамин Д или поради недоволно изложување на сонце. Недостатокот на витамин Д во организмот може да се утврди со анализа на крвниот серум, а доколку се најде, се предлага компензација бидејќи тоа е витамин кој е исклучително важен за имунитетот и за многу метаболички процеси“, вели хрватската нутриционистка Олја Мартиниќ.
Иако сонцето е обично најдобриот извор на витамин Д, не е секогаш лесно да се биде на сонце поради изложеност на УВ зрачење и, исто така, поради ограничена дневна светлина во одредени делови на светот.
Способноста на телото да произведува и апсорбира витамин Д е значително намалена кај постарите луѓе во споредба со помладите. Особено за постарите луѓе со ограничена подвижност или здравствени услови кои бараат од нив да останат внатре, речиси е невозможно да добијат доволно витамин Д од Сонцето.
„Ако надоместокот се изврши орално, пожелно е да се внимава на соодносот на витамин К и витамин Д“, советува д-р Мартиниќ.
Еве неколку знаци дека треба повеќе да се сончате или да јадете храна богата со витамин Д:
1. Болки во коските
Витаминот Д го регулира метаболизмот на калциум и фосфат и е важен за одржување на цврсти и тврди коски. Ова значи дека кога има недостаток на витамин Д, може да има проблеми со целокупното здравје на коските, што може да резултира со болка во коските, па дури и во зглобовите.
2. Се чувствувате слабо
Да, физички слабо. Едно истражување на журналот Western Journal of Medicine покажува дека мускулната слабост е секако знак дека некој не внесува доволно витамин Д, но може да биде и реверзибилно.
3. Умор и летаргија
Чувството на умор, па дури и летаргијата може да биде знак на недостаток на витамин Д. Едно истражување објавено во Северноамериканскиот журнал за медицински науки подетално се занимаваше со ова тврдење и научниците дошле до заклучок дека 77,2% од пациентите со недостаток на витамин Д чувствувале умор. Кога количеството на витамин Д им се вратило во нормала, симптомите на замор значително се подобриле.
4. Се чувствувате нерасположено
Студиите покажуваат дека постои интересна врска помеѓу недостатокот на витамин Д и чувството на депресија. Една студија објавена во Journal of Issues in Mental Health Nursing заклучува дека групите изложени на ризик од дефицит на витамин Д (стари лица, адолесценти, дебели лица и лица со хронични болести) се исто исти групи што пријавиле ризик од депресија.
Ако се чувствувате лошо и немате објаснување за ова, проценката на внесот на витамин Д може да биде корисен следен чекор.
5. Имате грчеви во мускулите
Заедно со чувството на мускулна слабост, веројатно ќе доживеете и дополнителни грчеви поради недостаток на витамин Д. Иако ова е суптилен знак, грчевите во мускулите може да бидат еден од знаците.