Здравствени придобивки од темното чоколадо

Темното чоколадо станува сè попопуларно и со тоа станува вистинско задоволство за организмот. Постојат бројни здравствени придобивки од црното чоколадо, особено оние со висока содржина на какао. Тајната е дека таквото чоколадо содржи флавоноиди кои се антиоксиданти, што позитивно влијае на здравјето на целиот организам.

Покрај тоа:
-го штити срцето,
-го намалува ризикот од срцеви заболувања,
-го регулира крвниот притисок,
-го намалува стресот и
-ја подобрува концентрацијата и меморијата.

Нутриционистката Џена Хоуп истакнува дека црното чоколадо содржи повеќе какао, а какаото е носител на многу придобивки. Колку е поголема содржината на какао, толку е помала содржината на шеќер. Темното чоколадо обично се движи во соодноси од 70-100%, а колку е поголем процентот, толку е помал оној на шеќерот и поголема е содржината на какао.

Исто така, црното чоколадо е поврзано со подобрена васкуларна функција, понизок крвен притисок и здравје на срцето. Покрај тоа, помага при спиење и богато е со магнезиум, кој игра клучна улога во релаксирање на нервите и мускулите и производство на енергија.

Ако сте водени од принципите на здрав живот што ги исполнува вашето тело и ум, не заборавајте да вклучите помеѓу 20-30 гр чоколадо во вашата дневна рутина – тоа е доволно бидејќи црното чоколадо е погорчливо од млечното и треба да бидете внимателни со количината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e