Здрави намирници кои треба секојдневно да ги консумирате

Неопходно да внимаваме на исхраната, особено во овој период кога владеат настинките и вирусите.

Ова се 10. најздрави намирници што треба да ги консумирате секој ден:

Лимон

Зошто е добар? Еден лимон содржи повеќе од дневната препорачана доза на витамин Ц кој му помага на организмот во борбата против воспаленија, ги зајакнува коските и го одржува нивото на холестерол во нормала.

Брокула

Зошто е корисна? Една помала порција брокула содржи повеќе од потребниот внес на витамин К кој е важен за здравјето на коските.

Совет: гответе ја на пареа за да задржи до 90 отсто од витаминот Ц.

Чоколадо

Неколку коцки темно чоколадо дневно го намалуваат високиот крвен притисок. Какаото е богато со флавоноиди и антиоксиданти кои го намалуваат холестеролот.

Сладок компир

Еден компир содржи 66 микрограми фолна киселина која е неопходна за раст и развој на детето. Исто така, содржи и голема количина на витамин А кој е задолжен за зајакнување на имунитетот.

Лосос

Лососот е одличен извор на омега-3 масни киселини кои ја ублажуваат депресијата, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и карцином.

Ореви

Содржат најмногу омега-3 масни киселини кои го намалуваат холестеролот, го подобруваат расположението и се борат против развој на малигни болести.

Авокадо

Истражувањата покажаа дека го намалува холестеролот за 22 проценти. Авокадото содржи голема количина на калиум кој го намалува крвниот притисок.

Лук

Одличен во борбата против многу болести, а може да спречи и развој на многу бактерии како што е ешерихија коли.

Спанаќ

Спанаќот е богат со витамини и минерали. Тој е одличен извор на фолна киселина, витамини А, Б, Ц, Е, манган и калиум.

Мешункаст зеленчук

Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања за 22 осто, а го намалува и ризикот од развој на рак на дојка.

Црниот грав содржи 40 отсто повеќе антиоксиданти од останатиот вид на грав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e