(Втор дел) Николов: Како да го комбинираме внесот на вода, со нашите оброци?

КАКО ДО ПОДОБАР ИМУНИТЕТ И ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ!!!

Ова е вториот дел и надополнение на претходниот пост и појаснување како да го комбинираме внесот на вода, со нашите оброци.

2. ВОДА + ОВОШЈЕ:

Преку пример ќе го објаснам денот:

Се будиме во 07.00 часот и пиеме 500 мл вода на “екс”, а потоа се подготвуваме за на работа.
После 2 часа, во 09.00 часот, повторно пиеме 500 мл вода на “екс”.
– Во 10.00 часот конзумираме овошје(1 јаболка или круша, 1 кива и 1 банана), во кое има овошни шеќери, овошни калории и има доста ензими, кои вршат брза разградба на остатоците од храна, кои се заглавени во цревата од оброците од претходниот ден.
После 2 часа од овошниот оброк, во 12.00 часот, повторно конзумираме 500 мл вода на “екс” и во овој период, доколку имате потреба, може да се напиете едно кафе.
Некои 15 минути пред ручекот, околу 14.00 часот, повторно се пијат 500 мл вода на “екс” и после 15 минути се седнува на ручек.
После ручекот, се прави пауза 3 до 4 часа, во кој период не се внесува ниту храна, ниту овошје ниту вода.
После таа пауза од 3-4 часа, некаде околу 19.00 часот, повторно пиеме 500 мл вода на “екс” и во 20.00 часот имаме вечера.
Пред легнување во кревет, последно нешто што конзумираме се 500 мл вода на “екс” и си легнуваме во кревет(ова време би било помеѓу 22.30 – 23.30 часот).
Потребата од уринирање се јавува за 30 минути после конзумирање на вода, така да во текот на сон, нема да имате потреба од станување за во тоалет.

ЗАКЛУЧОК:
Секоја количина на вода што ја пиеме, ја пиеме на “екс”, со цел да се наполни целиот желудник. Кога ќе се наполни желудникот со вода, тогаш се праќаат информации во мозокот, до центарот за глад, кој дава инфо дека ние сме сити (дека желудникот е полн) и се гаси чувството на глад. Бидејќи во овој период не сме внеле калории, организмот почнува да го активира метаболизмот на масти и да ги разградува наталожените масти(салото) и од таму да црпи енергија за нашата активност.
Со наглото полнење на желудникот со вода, ние го измиваме желудникот и цревата, а од друга страна, се испраќа сигнал до мозокот дека сме полни, а овој го деактивира лачењето на киселини во желудникот и ензимите од панкреасот, а со тоа се намалува раздразнувањето на желудочно цревниот систем.
Преку овошните шеќери го потхрануваме мозокот, бидејќи на него му се потребни шеќерите, а од друга страна преку овошните ензими, се забрзува ензимското разградување(ферментирање), на остатоците од храна од оброците од претходниот ден и со наглите колични на вода, истите се измиваат и исфрлаат преку фецесот.
На овој начин, ние кога ќе седнеме да ручаме, нашите црева ќе бидат скоро потполно празни, освежени и хидрирани и со полн капацитет ќе вршат ресорпција на новите хранливи материи кои ги внесуваме.

Главните проблеми поврзани со нарушен метаболизам, нарушен сон, намален имун систем, пореметем ендокрин систем, нарушен кардиоваскуларен систем настанува поради:
1. кога се изложуваме на ЧЕСТИ ДЕХИДРАТАЦИИ, а тоа значи дека штом се развие чувството на жед, тоа е знак дека сме веќе дехидрирани и затоа ние треба континуирано да се хидрираме.
2. остатоците од храна, кои остануваат заглавени во нашиот цревен систем, почнуваат да скапуваат и да ослободуваат токсини, кои од друга страна го активираат и имуниот систем, а со тоа и целиот крвоток се усмерува према цревниот крвоток и тие токсини влегуваат во истиот и започнуваат една негативна метаболна каскада, која го менува и ослабнува имуниот систем, ги прави ригидни крвните садови, а со тоа го пореметува крвниот притисок и нарушување на ендокриониот систем. И токму овие токсини мозе да бидат и причина за појава на голем број малигни заболувања.

До наредно пишување, каде ќе го вклопиме и ручекот и вечерата во овој стил на исхрана.

Ваш
Д-р Сашко Николов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e