Вкусни и здрави: Палачинки направени од банани и мед

Поздрави палачинки од овие за кои пишуваме денеска – нема. Нивната главна состојка ќе ве натера уште повеќе да ги сакате.

Потребни состојки:

– 100 гр. овесни снегулки

– 100 гр. брашно

– 120 мл. млеко

– банана

– две јајца

– две лажици мед

– пола лажица ванилен шеќер

– половина лажица прашак за пециво

– малку сол и сода бикарбона

– 50 гр. растопен путер

Исто така, потребни ви се и:

– 100 гр. малини

– јаболки

– 50 гр. јагоди

– банани

– 50 гр. бадеми

Начин на подготовка:

Згмечете ја бананата со вилушка, додадете јајца и изматете, па додадете ги брашното, овесните снегулки, растопениот путер, млекото, прашакот за пециво, ванилниот шеќер, содата, солта и медот. Сето тоа убаво соединете го и оставете го да отстои 15 минути.

Во тавче загрејте малку масло, па печете ги палачинките на умерена температура додека не поруменат од двете страни. Украсете ги со овошје и бадеми и послужете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e