Витаминот Д е одговорен за добро расположение

Симптоми кои речиси никогаш не би ги поврзале со недостатокот на овој витамин.

Некои болести се појавуваат без изразени симптоми, а истото тоа може да се каже и доколку ви недостасуваат одредени витамини во телото.

Од почеток на пандемијата на коронавирусот, сите експерти истакнуваат дека еден од најважните нутриенти е витаминот Д, а неговиот недостаток може да влијае на физичката, но и на менталната состојба на човекот.

Недостатокот на овој витамин може да се манифестира на необични начини.

Еден од нив е на пример, често плачење, вели фармацевтката Сузи Коен.

Доколку немате доволно од сончевиот витамин, се зголемува и веројатноста за развој на депресија.

Покрај тоа, слабост во мускулите, осип на кожата поради намален имунитет, исто така можат да укажат на тој проблем.

Недостатокот на витаминот Д исто така може да предизвика и влошување на состојбата на вашите нокти и коса.

Овој витамин се наоѓа во одредена храна, но во недоволна количина. Може да го внесете во организмот преку суплементи или пак природно – со изложување на сончевите зраци поради тоа што така најдобро се синтетизира, па сега е вистинско време да впиете малку од овој нутриент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e