Трик со кој ќе имате блескаво бели заби

Пијалаците со голем процент на киселост како што се кафето, овошните сокови или црвено вино може да предизвикаат менување на бојата на вашите заби или појава на дамки, особено ако пиете често.

Со помош на овој евтин трик ќе имате блескаво бели заби.

За да ја намалите изложеноста на забите на овие природни бои, американските стоматолози ве советуваат да ги пиете омилените пијалаци со сламка.

До овој совет се држат сите познати личности. Иако овој трик во потполност не го елиминира контактот меѓу киселината и непцата, дефинитивно влијае на белината на вашите заби.

Имајте на ум дека не се препорачува да пиете топли напитоци со сламка.

Ако сте во можност, намалете ја употребата на пластика. Купете метални сламки кои може да ги употребувате постојано бидејќи се мијат во машина за садови. Исто така може да користите и хартиени сламки кои брзо и полесно се разградуваат од пластика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e