Сезоната на настинки и вирусни инфекции е во полн ек.
Секојдневно консумираме многубројни витамини и природни напитоци се со цел да се заштитиме од вирусите и настинките.
Во вашето секојдневие можете да почнете да вклучите уште една топла напивка од ѓумбир која исто така ќе ви помогне да спречите настинка и грип.
Потребни состојки:
Свеж ѓумбир
1 литар вода
3 лажички мед
1 лимон
Начин на подготовка:
Исчистете го ѓумбирот и исечете го на тенки парчиња. Ставете го во тенџере и прелијте го со вода, па оставете го да се вари барем 15-20 минути на умерена температура. Тргнете го од оган и оставете го да отстои барем 5 минути. Процедете го чајот, засладете го со мед и додајте лимон по желба.
Зошто треба да користите ѓумбир:
-го зајакнува имунитетот
-ве штити од настинки и грип
-ја смирува мачнината
-влијае позитивно на дигестивниот систем
ја подобрува циркулацијата.