Студија: Масните киселини од палминото масло имаат влијание врз ширењето на карциномот

Научниците докажаа дека масната киселина која се наоѓа во палминото масло може да го спречи ширењето на карциномот.

Студијата спроведена на глувци откри дека палмитинската киселина ги спречува метастазите на карциномот на кожата. Во иднина, овој процес би бил употребен за лекови или внимателно смислени планови за исхрана, но тимот кој стои зад оваа студија предупреди пациентите да не се на диета бидејќи недостасуваат клинички испитувања, пишува The Guardian.

„Има нешто многу посебно во врска со палмитинската киселина што ја прави исклучително моќна за метастазите“, рече професорот Салвадор Азнар-Бенитах од Институтот за истражување во биомедицината во Барселона и додаде:

„Мислам дека е прерано да се одреди кој вид на диета би можеле да ја консумираат пациентите кои имаат малигнен карцином“.

Студијата нуди докази кои тврдат дека исхраната може да се користи за подобрување на постоечките третмани за карцином бидејќи тумор клетките се ослонуваат на одредени хранливи материи кои им се потребни во критичните фази како што се метастазите.

Студијата објавена во списанието „Nature“ откри дека кога палмитинската киселина ќе се додаде во исхраната на глувците, поголема е веројатноста дека ќе се прошири карциномот на устата и на кожата. Другите масни киселини наречени олеинска киселина и линолна киселина, омега 9 и омега 6 масти кои се наоѓаат во ленено и маслиново масло немаат ист ефект. Ниту една од тестираните масни киселини не го зголеми ризикот од развој на карцином.

Метастазите на канцер се главна причина за смрт на пациенти со рак и повеќе луѓе со ваков тип на рак можат само да се лечат, но не и да се излечат.

Хелен Рипон, извршната директорка на Worldwide Cancer Research рече дека ова откритие е огромен напредок за да откриеме како се поврзани исхраната и ракот и што е најважно да сфатиме како можеме да го искористиме ова сознание за да бараме нови лекови за рак.

Се проценува дека метастазите се одговорни за 90 отсто од сите смртни случаи од рак, околу 9 милиони смртни случаи годишно ширум светот. Затоа е важно да се истражи што го поттикнува ширењето на рак за да се намалат овие бројки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e