Бразилската манекенка Адријана Лима (40) е една од најпознатите модели на брендот Викторија Сикрет, а со професионален моделинг се занимава уште од 21 година.
Славната манекенка на Инстаграм-стори сподели фотографија и покажа како изгледаше на почетокот на кариерата кога имаше само 22 години.
Лима остварила завидна кариера на која активно работи повеќе од 20 години. Таа уште на почетокот на својата кариера ги усвоила трите основни правила за добар изглед.
Тајните на нејзиниот изглед се кријат во редовното вежбање, бидејќи смета дека нема едноставно решение за фит фигура.
Таа секој ден издвојува барем 30 минути за да трча или да вози велосипед, а кога може оди и во теретана.
Исто така, свесна е дека исхраната е многу важна за добар изглед и својот ден го започнува со напиток кој го забрзува метаболизмот, а во овој случај советува да промешате авокадо со малку мед и вода.
Хидратацијата е неопходна за здрава и витка фигура, а Адријана советува да го зголемите внесот на вода во организмот.
Освен што е добра за кожата, водата ги намалува нападите на глад. Купете си шишенце во кое секогаш ќе имате вода, а во пластичен сад постојано имајте свежо овошје.