Применувајте ги овие совети за исхраната за да спречите таложење на несаканите килограми.
Јадете само кога сте гладни.
Приготвувајте едноставни оброци (3-4 продукти).
Не употребувајте тешки масти.
Храната нека е со собна температура.
Сочната храна јадете ја пред сувата.
Свежата храна јадете ја пред готвената.
Налето јадете повеќе свежа храна.
Избегнувајте преработени продукти и вештачки засладувачи.
Секој залак џвакајте го 25-50 пати, бидејќи џвакањето поттикнува излачување плунка, која го содржи ензимот птијалин, кој создава базна реакција. Добро изџваканата храна лесно се вари и во телото создава базност. На пр. ако кафениот ориз, кој инаку предизвикува киселост, го изџвакате стопати, на крај ќе имате базна реакција.
Меѓу оброците во текот на денот испијте 6-8 чаши вода.
Бидете умерени.
Немојте да се прејадувате, всушност би требало да станете од масата пред да се заситите.