Сируп за ублажување на кашлицата со ловоров лист и жалфија

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 шолја (од 200 мл) шеќер, 1 шолја вода, 10-тина ловорови листови и 2 лажици жалфија (сува билка)

ПОСТАПКА:

Шеќерот ставете го на оган и загревајте на тивко додека да почне да растопува. Пржете го додека да добие карамел боја, но внимавајте да не ви загори.

Додадете шолја вода. Поклопете и варете додека шеќерот да се растопи. Потоа додадете ловоров лист и жалфија. Варете 10-тина минути.

Сирупот оставете го поклопен во садот во кој се вареше се додека да излади. Потоа процедете го и складирајте го во шишенце или тегличка.

Употреба: Трипати дневно по една лажица (за деца по една лажичка), половина час пред јадење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e