Сируп од зелени ореви и мед кој го чува имунитетот и штитната жлезда

Потребни ви се само две состојки за да направите сируп кој има низа добри придобивки за вашето здравје – млади зелени ореви и мед кои го чуваат имунитетот и штитната жлезда.

Младиот зелен орев е богат со витамин Ц, а во комбинација со мед ја подобрува работата на штитната жлезда, го прочистува желудникот и црниот дроб, но помага и за болести на респираторниот систем. Со редовно консумирање на овој сируп може да ги ублажите и симптомите на менопауза и анемија.

Потребни состојки:

40 млади зелени ореви

1 кг мед

Начин на подготовка:

Измијте ги и исчистете ги младите зелени ореви, а потоа исечете ги на половина. Ставете ги во тегла и прелијте ги со мед. Затворената тегла треба да стои 40 дена на прозорец. Не ја отворајте теглата.

Во период од 40 дена ќе се направи сируп со темна боја благодарение на лековитиот сок кој оревите ќе го испуштат во медот. Може да ги извадите оревите откако ќе биде готов сирупот.

Доволно е секое утро да консумирате 1 лажица од сокот и да го чувате на темно и ладно место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e