Ви откриваме кои се скриените симптоми што можат да укажуваат на лошо ментално здравје
Менталното здравје е клучно за нашиот среќен и исполнет живот, па поради тоа важно е да не занемаруваме ниту еден симптом што покажува дека тоа е нарушено.
Секојдневно можете да работите на одржување и подобрување на менталното здравје на природен начин, како на пример да вежбате фокус, односно свесност за менталното здравје и за промените што се случуваат во согласност со различните околности.
Живееме во стресно и брзо време во кое сме изложени на разни негативни вести, влијанија и драстични промени.
Сето тоа може неповолно да се одрази на менталното здравје, а важно е да не ги игнорираме симптомите и промените на расположението, туку без страв и срам да побараме помош кога ќе почувствуваме дека ни е потребна.
Несоница и лош квалитет на сон
Негативните промени во менталното здравје можат значајно да влијаат врз квалитетот на спиењето. Несоницата честопати е предизвикана од депресија, анксиозност и опсесивни мисли. Лошиот квалитет на сонот доведува до пад на концентрацијата, нагли промени на расположението и тешкотии при извршувањето на секојдневните задачи. Доколку имате проблеми со несоница, побарајте лекарска помош.
Постојано чувство на загриженост
Секоја личност понекогаш е загрижена поради одредени ситуации, но ако постојано се случува, тоа може да биде аларм дека менталното здравје е загрозено. Запрашајте се дали сте загрижени поради некоја средба, деловен состанок, неизвесност или промени што можеби ќе се случуваат во иднина… Повеќето наши стравови и грижи се најчесто неосновани. Покрај постојаното чувство на загриженост, се јавува и песимизам и креирање негативен исход на секој настан во мислите.
Изолираност
Еден од првите знаци што се јавуваат е изолацијата од семејството и пријателите и загрозениот социјален живот. Доколку не ви треба моментална самотија, туку целосна изолација, размислете дали можеби е време да побарате помош од експерт.
Стомакот реагира на стрес
Најчестата реакција кога станува збор за физичките симптоми се стомачните проблеми, како дијареја, болки во желудникот, мачнина… Доколку сè е во ред со вашиот дигестивен систем, а ги имате овие проблеми, можно е да сте под голем стрес.