Оваа вакцина е препорачана од СЗО како соодветна за трудници и за деца. Иако истражувањата не се доволни, според досегашните сознанија на СЗО, „Синовак“ врз бремените жени има ефикасност како и врз оние кои не се бремени, на иста или слична возраст.
Вакцината не се препорачува на луѓе кои се склони кон алергии од некоја од наведените состојки.
Она што сите ги интересира е нејзината ефикасност, бидејќи на големо се зборува дека ефикасноста на вакцината е само 51% во спречување на заразата.
Но, податокот кој го забораваме е дека вакцината се проценува и според други параметри. Истражувањата покажале дека „Синовак“ е над 90% ефикасна во спречување на симптоми при евентуална зараза со коронавирусот и речиси 100% во превенција од хоспитализација поради симптоми на ковид-19.
Вакцината е „традиционална“, со технологија на полумртви живи единки од вирусот, против кои нашиот имунитет се изборува и стекнува т.н. меморија за следна изложеност.
Втората доза се прима најмалку 14 денови после првата.