Консумирање храна во текот на ноќта може да влијае наредниот ден да бидете уште погладни.
Сигурно некогаш ви се случило да се разбудите среде ноќ и да ви се јаде. Експертите утврдиле дека постои голема опасност од гојазност и добивање на хронични болести како дијабетес, доколку јадете доцна навечер.
Што се случува со телото кога јадете доцна навечер?
Експертите предупредуваат дека не е важно дали во текот на ноќта ќе изедете комплетен оброк или пак само неколку залчиња, сепак последиците по организмот се еднакви.
Чувството на непријатност и несоница се едни од симптомите кои можат да доведат до здравствени проблеми.
Консумирање храна во текот на ноќта може да направи наредниот ден да бидете уште погладни, а метаболизмот да работи забавено.
Постојат три причини поради кои треба да престанете да јадете доцна навечер:
1. Го нарушува сонот
Доколку јадете доцна навечер и не можете да спиете, причината е тоа што оброкот ви ја нарушил работата на организмот. Кога јадете навечер се ослободуваат хормони во организмот кои ќе го разбудат телото.
2. Метаболизмот забавува
Бавниот метаболизам е еден од главните виновници за таложење на масти и вишок килограми. Поради тоа треба да знаете дека доцните оброци го забавуваат метаболизмот, а тоа значајно влијае на килограмите.
3. Зголемен крвен притисок
Времето за јадење е исто толку важно колку и тоа што јадеме. Доколку јадете доцна навечер на тој начин го зголемувате и вашиот крвен притисок, што не е добро поради тоа што така го зголемувате ризикот од срцеви болести.