Секојдневното консумирање на мултивитамини може да биде добро за организмот, но може да има и некои несакани последици.
Затоа се препорачува пред да почнете да пиете какви било суплементи да се консултирате со вашиот лекар.
Што ќе се случи ако секој ден пиете мултивитамини?
Може да се спречи недостатокот на витамини во телото
Со земање на витамини се зголемува нивото на енергија во телото. Важно е да изберете суплементи кои ви недостасуваат во телото, а не да пиете доколку немате потреба.
Некои суплементи може да го зголемат дејството на лекови кои ги пиете, а други може да го ослабнат.
Предозирање со витамини може да предизвика мозочен удар
Повеќето витамини се топат во вода, а витамините А, Д, Е и К се топат во маснотии. Треба да внимавате колкава количина внесувате бидејќи внесувањето на витамините А и Е може да биде опасно. Едно истражување покажа дека прекумерната количина на витамин Е и бетакаротен може да предизвика крварење во мозокот.
Нездрава храна
Со секојдневно консумирање на мултивитамини ќе јадете повеќе нездрава храна бидејќи ќе сметате дека сте здрави ако пиете суплементи и ќе престанете да внимавате што јадете.
Влијае на нивото на шеќерот во крвта
Витамините во облик на гумени бонбони се хит веќе некое време, но треба да бидете внимателни со нив бидејќи содржат вештачки засладувачи на вкус.
Предозирањето ги оштетува нервите
Прекумерната количина на витамин Б6 може да биде токсично за организмот и да предизвика оштетување на нервите. Ова најчесто се случува кога луѓето пијат витамини на своја рака и не го прашуваат докторот, а тоа е најголемата грешка.