Секојдневни навики кои им штетат на очите

Најголемите причинители на проблеми со очите се електронските уреди, но постојат и други секојдневни навики кои исто така влијаат на здравјето на очите, пишува Eat This, Not That.

Еве на што треба да посветите внимание:

Стара козметика

Поради употреба на козметика со изминат рок, во очите може да продрат бактерии и да настане инфекција. Шминката за очи треба да се менува на секои 3 месеци и да се отстранува секоја вечер пред спиење.

Триење на очите

Родителите на мали деца постојано ги предупредуваат да не ги тријат очите и во право се за тоа. Оваа навика може да доведе до повреда на крвните садови, а со самото тоа и до појава на темни кругови, предвремено стареење на кожата околу очите, создавање брчки и слично.

Очен преглед

Преглед кај офталмолог не би требало да има само кога постои некој проблем. Секоја година е пожелно да се провери здравјето на очите, така би се идентификувале потенцијални проблеми како рани знаци на глауком или посериозни проблеми како што е меланом.

Лоша хигиена

Во случај кога не ги миете рацете, а ги допирате очите, се зголемува можноста бактериите да влезат во нив.

Недоволна физичка активност
Очите имаат корист од занимавање со спорт исто како и останатите делови од телото. високиот крвен притисок и дијабетесот може да бидат предизвикани од недоволна физичка активност и може да доведат до проблеми со видот. Редовната физичка активност не само што штити од болести туку и ги намалува шансите за развој на глауком.

Како што на мозокот му е потребен кислород, потребен им е и на очите за да одржи оптимално ниво за нивно функционирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e