Покрај витаминот А, Ц и Е и нивните предности во врска со нега на кожата, косата и ноктите, научниците сега тврдат дека на оваа група треба да се додаде и витаминот К.
Витаминот К има многу придобивки за вашето здравје, пишува Elle.com.
Научниците велат дека луѓето ги користат производите кои содржат витамин Ц, Д, Е. Меѓутоа, се проценува дека 99 од 100 луѓе имаат недостаток од витаминот К.
Сè поголем број на докази укажуваат на тоа дека витаминот К има голема улога за имунолошкиот систем, така што овој витамин треба да биде дел од вашата секојдневна употреба.
Витаминот К е дел од групата на витамини кои порано ги користеле за исцелување на раните. Главните компонентни на витаминот К се К1 и К2 кои се корисни за многу работи.
К1 се состои во вашата омилена салата, најмногу во спанаќот, а потоа и во житарките. К2 се содржи во путерот и во жолтките. Главната функција на витаминот К е активирање на протеинот во телото кој е важен за заштита на срцето и коските.
Вашето тело ќе го „испрати“ витаминот К1 во црниот дроб бидејќи тој е орган кој апсорбира витамините кои ги внесувате во телото. Витаминот К2 го намалува ризикот од кршење на коските.
Производите богати со витаминот К помагааат во процесот на заздравување на вашата кожа. Витаминот К го намалува воспалението и црвенилото. Ја штити и хидратира кожата.