Рузмарин – го подобрува расположението, го намалува стресот…

Обично го додавате како зачин во различни јадења или како додаток во чај, но најверојатно не знаете дека рузмаринот е моќна билка која му помага на физичкото и на психичкото здравје на многу начини.

Бројни истражувања покажуваат дека рузмаринот не е само зачин туку е и супернамирница која има многу лековити својства.

Низ историјата го користеле за подобро помнење. Дури и славниот Шекспир пишувал за него во Хамлет.

И ден денес се смета дека му помага на помнењето, но некои истражувања укажуваат на тоа дека има позитивен ефект врз расположението и нивото на стрес.

Го подобрува расположението

Во студијата од 2018 година, на глувчиња кои биле под хроничен стрес им дале екстракт од рузмарин и откриле дека има антидепресивно дејство. Оваа билка има противвоспалителни својства и ги ублажува воспалителните процеси во делот на мозокот кој се нарекува хипокампус, но и во цревата.

Рузмаринот влијае и на ендоканабиноидниот систем

Станува збор за главниот регулаторен систем во нашето тело кој е одговорен за начинот на кој комуницираат нервните клетки.

Тој ги регулира процесите како што се сон, глад, стрес, крвен притисок, воспаление, телесна температура и други процеси.

Рузмаринот содржи соединенија кои го намалуваат стресот и го смируваат телото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e