Рутина која ќе ви донесе многу подобар работен ден

За успешен почеток на работниот ден и практикување на оваа утринска рутина, потребно е да одвоите само неколку минути пред почетокот на работното време со цел да ја подобрите работната продуктивност, расположението, но и телесното и менталното здравје.

Сето ова може да го направите на работното место, но доколку не сте сами во просторијата туку ја делите со повеќе колеги, потрудете се да дојдете на работа неколку минути пред останатите за да го имате потребниот мир и тишина.

Прва минута – затворете ги очите, исчистете ја главата од негативни мисли и доведете се во состојба на медитација. Исклучете го мобилниот телефон или таблетот бидејќи токму тие се најголемите виновници за деконцентрацијата и чувството на непријатност.

Втора минута – Концентрирајте се на дишењето. Многумина забораваат дека токму правилното дишење е клуч на менталното здравје бидејќи на тој начин оптимална количина на кислород стигнува до мозокот и се создава чувство на смиреност и удобност.

Трета минута – Сега кога сте целосно смирени и концентрирани, обидете се на лист да ги напишете (или нацртате) работните задачи за тековниот ден. На тој начин ќе имате подобар увид во обврските кои ве очекуваат, а воедно ќе се погрижите и да не задоцните на договорениот состанок или деловниот ручек.

Четврта минута – Откако ќе ги запишете идеите и работните обврски на лист, одвојте барем една минута за уште еднаш да ги погледнете и проверите. Често се случува при прегледувањето да воочите дека нешто случајно сте заборавиле да напишете или во меѓувреме сте се сетиле на уште нешто.

Петта минута – „Фрлете“ го листот од раце, затворете ги очите и поминете ја последната минута од оваа рутина во тишина и концентрација.

По ваквата утринска вежба сигурно ќе се чувствувате многу поопуштено и спремно да се фатите во костец со новите работни предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e