Рускиот проф. д-р по патофизиологија на Првиот московски државен медицински универзитет Сеченов, Антон Јерсов, во интервју за весникот „Росијскаја газета“, објасни под кои услови се создава стабилен имунитет на коронавирусот. Тој тврди дека најоптималниот услов за стабилен имунитет е средна форма на болеста Ковид-19 без прекумерна употреба на лекови.
„Тогаш телото создава максимален имунитет на вирусот“, вели Јершов.
Според него, имунитетот што на телото ќе му обезбеди заштита од повторно заболување не може да се создаде во случај на многу блага или многу тешка форма на болеста. Во првиот случај, и покрај заболувањето, човечкото тело не може да биде стимулирано за да си произведе антитела. Во вториот случај на блолеста, кога има екстремно сериозни симптоми , Јершов вели дека организмот ќе биде изложен на толкав стрес што сите напори ќе ги насочи на одржување на животот, а не на заштита.
„Телото тогаш едноставно нема доволно сила, или протеини, за да произведе антитела – вели Јершов.
Тој додаде дека борбата против коронавирусот е многу тешка затоа што тој се појави неодамна и немало доволно време епидемиолозите да „го истражат подобро“.
„Поради фактот дека станува збор за САРС вирус, постои претпоставка дека имунитетот кон „Ковид-19“ исто така ќе трае две години, но засега нема потврда дали ќе биде траен имунитет – вели Јершов.