Рецепт за смуди кое го намалува апетитот – го конзумира Меланија Трамп!

Со оглед на тоа што е поранешна манекенка, не е ни чудо што првата дама на САД ги знае сите мали трикови за одржување вита линија. Иако од манекенската кариера се откажала пред речиси 2 децении, нејзината линија и денес, кога има 50 години, е совршена.

Запрашана која е тајната на топ-формата на Меланија Трамп и откриено дека станува збор за едноставна навика што секој од нас може да ја примени.

Иако Меланија внимава на својот изглед, нагласува дека не оди до крајност.

„Живеам здрав живот, се грижам за кожата и телото, но не претерувам во ништо.“

Вели дека за нејзината вита линија заслужна е напивката со која го започнува секое утро. Смудито од омилените состојки ѝ дава доволно енергија за цел ден и ја држи сита многу долго. Оваа напивка е одлична за контролирање на апетитот, но и за покренување на процесот на слабеење поради своите состојки.

Освен тоа, секогаш има потреба за благо и почувствува напад на глад, таа го приготвува овој пијалак.

„Кога ќе почувствувам потреба за благо, ја правам оваа напивка и желбата ми поминува. Многу ми користи во оваа ситуација“, рекла таа.
Вака изгледа рецептот за смуди чија ефикасност ја гарантира Меланија Трамп…

Состојки:
свеж спанаќ
целер
морков
боровинки
јаболка
цеден портокал
цеден лимон
јогурт со малку масти
неколку капки маслиново масло
чија семе
витамин Д во капки
Ставете ги сите состојки во блендер додека добиете изедначена смеса и напивката е спремна за консумирање.

Што се однесува до остатокот од денот, таа се обидува да јаде многу овошје, бидејќи е богато со витамини и минерали, вклучувајќи и фолат, витамин Ц и калиум, а богато е и со влакна, што помага во одржувањето здрави црева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e