Состојки:
– 200 гр ‘ржано брашно
– 200 гр јачменово брашно
– 100 гр овесни снегулки
– прашок за пециво
– 1 кафена лажичка сол
– сусам
– лен за посипување
Подготовка:
Измешајте ги сувите состојки, па полека додавајте вода за тестото да биде со средна густина.
Тестото ставете го во плех обложен со хартија за печење и посипете го со лен и сусам.
Се пече на 180 степени околу 30 минути.
Ако сакате помали лепчиња, тестото вадете го со лажица и наредете ги на плех.