Рецепт за брзи декоративни новогодиши колачиња

Подготовката на овие домашни слатки е кратка, не бара многу труд и пари, а ќе ви успее и доколку не сте искусни во кујна.

Состојки:

За бисквит

– 3 јајца;
– 180 грама шеќер;
– Ванилин шеќер;
– 250 грама брашно.

За декорирање

– 2 белки;
– 250 грама шеќер во прав;
– Сок од половина лимон;
– Бои за колачи и торти.

Подготовка:

Со миксер направете снег од белките, па постепено додавајте шеќер, ванилин шеќер и потоа и жолчките. Кога ќе добиете хомогена смеса, потребно е да го додадете брашното со непрекинато мешање.

Месете и по потреба додавајте брашно сè додека тестото не престане да се лепи за вашите раце.

Развлечете го тестото, па со модли извадете форми. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 15 минути или додека колачите не добијат убава нијанса на златна боја.

Украсување: Добро изматете ги белките со миксер, па постепено додавајте шеќер во прав и сок од лимон. Потоа поделете ја добиената смеса на неколку делови и во секој од нив додадете од боите, во зависност од посакуваната нијанса. Ставете ги боите во различни ќеси, па украсувајте по ваша желба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e