Рецепт за банана леб: Само од 4 состојки, а вкусот е вистинска магија!

Ви предлагаме да го направите овој совршен десерт за целото семејство

Состојки:

700 гр. банани
180 гр. овесниснегулки
250 гр. путер од кикиритки
180 гр. чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени, а потоа премачкајте ја тавата за леб со масло и покријте ја со хартија за печење.
Ставете ги бананите, овеснитеснегулки и путерот од кикирики во блендер и убаво изблендирајте.
Додадете го поголемиот дел од чоколадото и промешајте.
Истурете го тестото во тавата.
Одозгора наредете тенки парчиња од банана и чоколадо.
Печете 25-30 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e