Рецепт на денот: Шницли во сос со сенф

Предлог што да зготвите за денешниот ручек.

Потребни состојки:

½ шолја пилешки бујон

2 лажици сок од јаболка

4 лажици сенф

1 кг свинско месо

Сол и бибер

1 лажица маслиново масло

2 чешниња лук

1 лажица пченкарен скроб(густин)

2 лажици вода

Свеж магдонос

Начин на подготовка:

Во мал сад промешајте бујон, сок од јаболка и сенф. Посолете го свинското месо. Во голем сад загрејте масло на средна температура. Испржете го месото од двете страни и извадете го од тава. Потоа во тавата додајте го мелениот лук и пропржете. Додајте го сосот со сенф. Постојано мешајте. Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете да се вари 6-8 минути додека да испари половина од смесата.

Вратете го свинското во тава и пржете го 3-4 минути. Промешајте го густинот и водата додека да добиете убава смеса и сипете во тава. Откако ќе зоврие мешајте уште 2 минути или додека да се згусне. Наросете со ситно сечкан магдонос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e