Рецепт: Македонско јадење кое ѝ било омилено на принцезата Дијана

ринцезата Дијана важи за најомилениот член на британското кралско семејство. За нејзиниот живот се пишува со децении по нејзината смрт, а стилот на принцезата и денес инспирира многумина.

Интересно е и тоа што принцезата Дијана имала посебен режим на исхрана, не била љубителка на месо и внимавала што јаде.

Личниот готвач на принцезата Дијана, Дарен Мекгрејди, открил на својот јутјуб-канал како изгледало кога штотуку почнал да работи во Бакингемската палата, а исто така и како изгледала неговата прва средба со принцезата.

Тој претходно стекнал кралско кулинарско искуство како готвач на кралицата Елизабета Втора, за која готвел 11 години.

Зборувајќи на својот канал открил и кое јадење било неодминливо на менито на принцезата Дијана, па го јадела трипати неделно. Станува збор за полнети пиперки, омилениот балкански специјалитет.

Бидејќи принцезата не била љубителка на месо, нејзиното специјално јадење биле пиперките, но полнети со зеленчук.

Состојки:
– пиперки

– 1-2 тиквички

– 1 шолја ориз

– неколку печурки

– 2 лажици лут сос од домати

– малку моцарела

– малку пармезан

Подготовка:
Пиперките исечете ги на половина и исчистете ги. Премачкајте ги со малку маслиново масло и ставете ја во рерна да се печат.
Во меѓувреме, направете го филот од зеленчук.

Во тава пропржете ги тиквичките исечкани на коцки, додадете неколку исечкани печурки и прелијте ги со доматниот сос. По неколку минути додадете малку пармезан, моцарелата и варениот ориз.

Кога пиперките ќе бидат готови, наполнете ги со филот и одозгора наросете уште малку пармезан. Вратете ги во рерна малку да поруменат.

Послужете така што на чинија ќе сипете малку лут доматен сос и врз него ќе ги ставите полнетите пиперки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e