(Прв дел) Николов: Како до подобар имунитет и подобро здравје?

Во наредните неколку денови ќе пишувам, за тоа како би требало да се храниме и функционираме, за да го зајакнеме нашиот имун систем, а со тоа да се заштитиме од нападот на вирусите.

1. ВОДА:
Веднаш после будење, прво нешто што треба да конзумираме, се 500 мл свежа вода, во еден здив (на екс).
После 2 часа повторно конзумираме уште 500 мл свежа вода, во еден здив и истото го повторуваме на секои 2 часа, до ручекот. До ручек треба да испиеме помеѓу 1.5 до 2 литри вода.
После ручекот, чекаме да поминат 2 часа и повторно продолжуваме по 500 мл вода на 2 часа, до легнување во кревет.

ОБЈАСНУВАЊЕ:
Чувството на жед, е знак за дехидратација на организмот, па затоа ние треба да комзумираме вода, пред да се развие чувството на жед.
Кога во организмот, на празен стомак, внесуваме континуирано, поголеми количини на вода:
а) ние вршиме хидратација на сите клетки, а со тоа и оксигенација на истите и оксидирање на слободни радикали, кои се создаваат при метаболизирање на храната. Преку преку фецесот и урината, слободните радикали се исфрлаат од нашиот организам. На овој начин вршиме хидрирање на сите органи, посебно мозокот и крвотокот, кои ќе овозможат хидрирање и кохезија на сите метаболни процеси во организмот.
б) внесувајќи само вода во првите 4 часа, од кога ќе се разбудиме, истата го покачува крвниот притисок(немаме потреба од кафе), а нашиот организам, бидејќи не сме внеле калории, енергијата ја црпи од складираните масти, кои ги имаме наталожено сите ние. На овој начин добиваме многу повеќе енергија од мастите, а со тоа и менталната концентрација е поголема, а од друга страна, топејќи ги наталожените масти, ние ја намалуваме нашата телесна тежина.
в) со конзумирање на вода, ние буквално го переме гастроинтестиналниот тракт(желудникот и цревата) и вишокот на храна, кој се задржува во цревата и на тој начин ствара гасови и подуеност на стомакот, го измиваме и преку фецесот го исфрламе од нашиот организам, па кога ќе дојде време за ручек, нашиот цревен систем ќе биде прочистен, смирен и комплетно празен.

ЗАКЛУЧОК:
Конзумирајки 3 до 4 литри вода на ден, ние овозможуваме:

1. Нашиот организам да се ослободи од слободните радикали и на тој начин да направи детоксификсција на организмот(ова е една форма на постење во текот на секој ден)

2. Со зголемување на волуменот на течности во крвта, го покачуваме крвниот притисок и веднаш после будење се ставаме во активна психо-физичка состојба и сме спремни за активна работа.

3. Внесувајки само вода во првите 4 часа, го активираме метаболизмот на масти, а со тоа добиваме повеќе енергија и согоруваме голем дел од нашите наталожени масти и на тој начин имаме повеќе енергија, повеќе концентрација и ја намалуваме нашата телесна тежина.

4. Внесувајќи нагло поголеми количини вода, го переме гастроинтестиналниот систем и овозможуваме во време на ручек, истиот да е празен и спремен да ја ресорбира храната која ќе му ја сервираме.

Со сите овие 4 заклучни точки, ние овозможуваме свежина на сите метаболни процеси, свежина на сите внатрешни органи и кожата, овозможуваме максимална хидратација на организмот, а со тоа создаваме активен и спремен имунолошки систем.

Ваш
Д-р Сашко Николов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e