Пробиотикот е задолжителен за со антибиотик – еве и зошто

Атибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт. Од таа причина, лекарите со препишаните антибиотици нужно препорачуваат конзумирање на пробиотици, обично најмалку два часа пред или по земањето на антибиотска терапија.

Внесувањето на антибиотици може да ја промени цревната флора, што дополнително може да предизвика дијареа, особено кај децата. Во цревата има околу илјада различни видови бактерии и околу 100 трилиони бактерии, а ако 80 отсто од нив се т.н. добрите бактерии, лошите не можат толку да му наштетат на телото. Сепак, антибиотиците ја менуваат рамнотежата на микрофлората, што може да резултира со зголемување на бројот на лоши бактерии.

– Имунолошкиот систем ги препознава „лошите честици“ и се обидува да ги уништи. Но, во тој процес, ја оштетува цревната слузница и предизвикува воспаление, што доведува до дијареа, вели д-р Лоренс Хоберман, претседател на Medical Care Innovations Inc.

Студијата на експерти од Универзитетот во Вашингтон покажа дека дијареата поради консумирање антибиотска терапија погодува 5-39 проценти од пациентите, а бројни студии покажаа дека во најмалку 50 проценти од случаите, кај децата кои земаат пробиотици за време на антибиотска терапија се  помага да се спречи течната столица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e