Пробиотици – задолжителни со антибиотик!

Во аптеките се продаваат многу различни видови пробиотици, кои се одличен додаток кога треба да го подобрите имунитетот, кога пиете антибиотици и кога на некој начин имате нарушување на дигестивниот систем.

Добра вест е што можете да ги внесувате и преку одредени хранливи продукти, кои ги содржат пробиотиците во помал или поголем процент.

Со помош на ваквата исхрана, можете да бидете сигурни дека поретко ќе имате пад на имунитетот и полесно ќе се борите против воспаленија и инфекции.
Пробиотиците како препарати задолжително се пијат со антибиотска терапија, но со оваа храна може да бидете сигурно дека дополнително сте го засилиле нивното дејство.

Мајчино млеко
Наменето е само за бебињата, за на природен начин да воспостават баланс во цревната флора и да го подготват организмот за натамошната исхрана. Секоја мајка која може, треба да го дои своето бебе, за да се осигура дека тоа ги добива сите потребни хранливи материи.

Домашно кисело млеко
Киселото млеко кои самите го поткиселуваме е многу подобар избор од она во продавниците, бидејќи сме сигурни дека користиме млеко со добро потекло. Млекото од крави, кози и овци кои паселе свежа трева има повеќе пробиотик од оние кои се хранети со сено и пченкарна каша.
Кисела зелка
Ова е најдобриот природен пробиотик, полн со витаминЦ и ензими кои ни се потребни за правилна работа на телото. Затоа и редовно треба да биде на нашето мени во есента и зимата.

Кефир

За разлика од комбухата, која се прави со чај, кефирот ферментира во млеко. Добиениот пијалак е еден од најдобрите природни пробиотици на светот. Има вкус на јогурт.

Туршија
Домашна туршија чиј пресол е направен само од сол и вода (без оцет) е одличен пробиотик. Тука спаѓаат краставичките, карфиолот и секако, зелката.

Младо бело сирење
Несоленото младо сирење е одличен извор на пробиотик, кое во исто време содржи и помалку казеин и лактоза отколку зрелите сирења.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e