Воспаление на бели дробови е инфекција на долните дишни патишта која може да биде предизвикана од различни фактори. И покрај развојот и напредокот на медицината, воспалените бели дробови сè уште претставуваат голем здравствен проблем, а доколку не се лекуваат навремено, може да дојде до посериозни проблеми.
Симптомите кои укажуваат на воспаление на белите дробови, меѓу другото се и болка во градите или грбот, краток здив, висока телесна температура, малаксаност и губење на апетитот.
Но, народната медицина има решение и за овој проблем. Постои природен лек кој ефикасно ги ублажува респираторните тегоби, а за истиот ќе ви бидат потребни:
– чај од лист од коприва
– чај од лист од даб
– чај од бршлен
– чај од лист од глуварче
– чај од ајдучка трева
– чај од жалфија
– 2-3 лажички сок од поточарка
Начин на припрема:
Ставете по една лажичка од секој чај, прелијте со половина литар вода и оставете да отстои 12 часа. Потоа, ставете ја водата на оган, додајте го сокот од поточарка и варете додека не зоврие.
Ваквиот лек се консумира по една чаша 3 пати на ден – наутро, попладне и навечер.
Напомена: пред употреба на било кој народен лек, консултирајте се со вашиот лекар.