Природен чај кој го регулира крвниот притисок

Хипертензијата оштетува многу органи, а најчесто страдаат крвните садови поради што доаѓа до оштетување на срцевиот мускул.

Иако докторите се обидуваат да најдат решение за овој проблем, народните рецепти ја кријат тајната за намалувањето на високиот крвен притисок, но и нудат трајно решение за овој проблем.

Имено, со редовната употреба на овој народен лек ќе постигнете крвниот притисок да не ви се зголемува без оглед на ситуацијата во која што се наоѓате.

Народниот лек се подготвува така што во сад се ставаат пет лажици иглички од бор, две лажици дива ружа и две лажички ситно измелена сува лушпа од кромид.

Така помешаните состојки потребно е да ги прелиете со еден литар ладна вода, па сè заедно да варите околу 10-на минути на тивок оган.

Откако напитокот ќе зоврие, потребно е течноста да ја оставите да се излади, па во неа да додадете уште малку варена вода така што во садот да има точно еден литар од напитокот.

Количината поделете ја на два дела и во наредните два дена пијте ја целата течност (двапати на ден).

Потоа направете си повторно од напитокот, со истата постапка.

Напомена: Третманот повторувајте го во период од четири месеци, а вашиот притисок би требало да се врати во нормала и да немате понатамошни проблеми со хипертензија најмалку една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e