Научната студија која ја објави American Journal of Emergency Medicine која опфати два случаи на ерекција кај пациенти кои биле заразени со коронавирус го отвори прашањето дали тоа може да биде нов симптом на оваа болест.
Студијата пишува дека најмалку двајца болни постари од 60 години кои имале Ковид-19, имале и ерекција која траела неколку часа.
Првиот случај бил регистриран во Мајами кај 69- годишен пациент кој страдал од гојазност и бил примен на одделението за интензивна нега. Медицинскиот персонал го легнал пациентот со лицето надолу за да му се подобри дишењето, а кога повторно го свртеле, забележале дека пенисот му е во ерекција. Четири часа лекарите настојувале да ја прекинат ерекцијата кај пациентот, но ниту еден обид не бил успешен. На крајот, вишокот на крв од пенисот морале да ја извадат со шприц, а нешто подоцна пациентот починал од последиците од вирусот.
Досега имавме сознанија дека Ковид-19 делува на малите крвни жили, а токму такви се ситните вени во пенисот. Но, се работи само за неколку случаи кои не можат да се поврзат за да навистина ова го вметнеме на листата на симптоми на коронавирус – коментира д-р Игор Грубишиќ, специјалист уролог.