Овој чај го подобрува нивото на шеќер во крвта

Голем дел од луѓето денес водат битка за здравје. Една од најчестите болести на денешницата е дијабетес.

Дијабетесот е хронично заболување кое настанува како последица на недостаток на инсулин во организмот. Како последица се јавува и нарушување на метаболизам на гликозата, протеините и мастите.

Најчестите симптоми на дијабетес се сувост во устата, општа слабост во организмот, брз умор, губење на телесната тежина. Чаевите од овие билки имаат позитивно влијание на шеќерот во крвта и исклучително се добри за дијабетичарите.

Со редовна примена, нивото на шеќер може да се држи под контрола.

Чај од боровница

Лековитите делови од ова растение се коренот, листот и плодот. Коренот и листот вообичаено се берат пред созревањето на плодовите, а самите плодови подоцна се сушат на сонце. Убедливо даваат најголем ефект кај дијабетичарите кои не се зависни од инсулин.

Причините поради кои боровницата е ефектна во лекувањето на дијабетесот се кријат во состојката која се нарекува глукокинин. Благодарение на неа, ова овошје го враќа шеќерот во рамките на границите на нормала.

Рецепт:

Една супена лажица листови од боровница и една супена лажица сушени плодови од боровница прелијте ги со два децилитри зовриена вода.

Исцедете по половина час и пијте го напитокот незасладен пред оброк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e