Овие знаци покажуваат дека вашиот имунитет е нарушен

Имунолошкиот систем постојано се бори против бактерии и вируси, за да бидеме здрави. Многу фактори можат да го загрозат имунитетот – стрес, недостиг на сон, некои лекови и одредени болести, но кога ќе се случи тоа, телото знае што треба да прави.

Кога имунитетот е загрозен, тој ќе ви испраќа различни најразлични знаци на кои треба да реагирате.

Постојано сте уморни

Заморот е чест симптом на некои автоимуни болести, каде што поради нарушувањето на нормалната функција, имунитетот напаѓа здрави ткива и органи. Автоимуните состојби предизвикуваат премногу активен имунолошки систем, кој гледа закана и таму каде што ја нема. Ако сте уморни без очигледна причина, како вирус, настинка, недостиг на сон или напорна работа, тоа може да е сигнал дека имунитетот се мачи да одговори на заканата.

Рацете ви побелуваат на ладно

Проблемите со циркулација може да бидат поврзани со дисфункција на имунолошкиот систем. Доколку рацете лесно ви побелуваат на ладно, тоа значи дека немаат доволен проток на крв, а тоа може да се поврзе со некои состојби и нарушувања на имунолошкиот систем. Исто така, оваа претерана осетливост на ладно може да се манифестира и на носот, ушите и прстите. Се вика Рејноов феномен, а може да биде сигнал на некои автоимуни заболувања, како што се лупус или нарушувања на тироидната жлезда.

Кожата ви е црвена и ве чеша

Кожата е една од првите одбранбени линии кога патогените се обидуваат да влезат во телото. Ако кожата одеднаш ви станува црвена и ве чеша, а не се работи за јадеж, дерматитис или алергиска реакција, тоа може да е знак дека вашата кожа реагира на некои закани во околината.

Тоа може да биде и симптом на хиперосетливост кога телото развива нови алергиски реакции на нешто. Во тој случај, имунолошкиот систем се мачи да ги разликува заканите и на потполно безбедните супстанции реагира како на закана. Резултатот на тоа е воспаление на кожата и црвенило.

Ви се јавуваат нови алергии или ви исчезнуваат старите

Тоа особено може да биде случај кај луѓето кои имаат примарна имунодефициенција, односно вродено нарушување на функцијата на имунолошкиот систем.

Инфекции кои одново се појавуваат

Никако да се ослободите од некои габични инфекции? Или можеби постојано ви се појавува херпес? Хроничните инфекции се чести кај луѓето кои имаат имунодефициентни нарушувања, бидејќи телото не може да се ослободи од бактериите или од вирусните поттикнувачи кои предизвикуваат инфекција. Поради тоа, инфекцијата постојано се враќа.

Доколку имате некои од овие симптоми, најпаметно би било да одите на доктор и да проверите што го спречува вашиот имунолошки систем да работи како што треба. Во меѓувреме, обидете се да го зајакнете имунитетот со здрава исхрана, физичка активност, спиење, но и со тоа што редовно ќе ги миете рацете и ќе одржувате хигиена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e