Овие видови на зеленчук можат да ви помогнат во слабеењето

Доколку сакате да се храните поздраво, сигурни сме дека веќе знаете дека за постигнување на таа цел е неопходно да внесувате што е можно повеќе зеленчук.

Но, се поставува прашањето – кои видови на зеленчук се најбогати со витамини и минерали, а истовремено имаат и доволно ниска енергетска вредност за да ви помогнат во слабеењето?

Нутриционистите препорачуваат редовно да ги консумирате следните намирници поради нивниот вкус, но и поради фактот дека се многу здрави.

Спанаќ

Овој зелен лиснат зеленчук е вистинска ризница на хранливи материи. Спанаќот содржи витамини А и К, а е богат и со влакна. Тој е добар за дигестијата, срцето и имунитетот, а некои студии откриваат дека можеби и помага во превенција на рак.

Морков

Покрај големата количина на витамин А, морковот содржи и други хранливи материи како што се калиум и витамини Ц и К кои се важни за здравјето на очите, но и за подобрување на имунитетот.

Прокељ

Овој зеленчук е една од најздравите намирници на светот. Прокељот содржи многу антиоксиданти кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и го одржуваат здравјето на клетките, а исто така е богат со влакна, магнезиум, калиум и витамини А, Ц, К и Б9.

Брокула

Уште еден исклучително хранлив зеленчук е несомнено брокулата. Во себе содржи витамини К, Ц и Б9 како и калиум и манган. Според некои истражувања, редовното консумирање на брокула го намалува ризикот од појава на рак.

Лук

Нашите баби отсекогаш говореле дека лукот е природен антибиотик. Лукот навистина го зајакнува имунитетот, а воедно благотворно делува на нивото на шеќер во крвта, што го прави идеална намирница за дијабетичарите.

Аспарагус

Искористете ја пролетта и внесете го аспарагусот во вашата исхрана. Оваа вкусна намирница е богата со витамините Б9 и К, селен и многу антиоксиданти. Аспарагусот е особено добар за здравјето на црниот дроб и бубрезите, а им се препорачува и на трудниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e