Пролетта е време за чистење на станот или работниот простор, но исто така и за прочистување на организмот.
Црниот дроб, како и срцето, е еден од најоптоварените органи во нашето тело кој обавува повеќе од 500 функции: ја чисти крвта од токсини, се бори со инфекции, создава жолчка и ги разградува маснотиите.
Совршеното функционирање на црниот дроб е од огромно значење за целокупното здравје на организмот.
Следниве симптоми укажуваат дека е време да направите прочистување на црниот дроб:
-Болка или притисок во горниот десен дел од слабините, под ребрата
-Претерано потење
-Киселини и надуеност
-Необјасниво дебелеење или забавено губење на килограми
-Проблеми со варење мрсна храна
-Акни и иритација на кожата
-Вишок масни наслаги околу стомакот
-Висок крвен притисок
-Чести промени во расположението и замор
Ако го прочистите црниот дроб ќе го поттикнете прочистувањето на целиот организам, ќе бидете подобро расположени, подобро ќе спиете и ќе успеете да ослабите, ако тоа досега не ви успевало, а сте вложувале труд.
Храна што го прочистува црниот дроб: артичоки, лук и кромид, цвекло, јаболка и свежо цеден лимон во топла вода што треба да го пиете секое утро после будење.