Калиумот му е неопходeн на нашиот организам, а доколку му фали тогаш може да дојде до хипокалемија која дава различни и предупредувачки симптоми.
Калиумот е неопходен за нашиот организам да функционира правилно. Тој има бројни улоги, од пренос на нервните импулси низ организмот, што овозможува правилна работа на мускулите, до регулирање на телесните течности и рамнотежа на минералите во нашиот организам.
Калиумот има функција во контрола на крвниот притисок, делбата на клетките, регулирање на киселобазната рамнотежа, па поради тоа доколку сте хронично уморни, имате грчеви, надуеност, можеби во вашиот организам недостасува калиум.
Хипокалемијата е име за недостаток на калиум во крвта, па доколку не ја внесувате препорачаната доза од 4.700 милиграми дневно, може да имате проблем со треперење на срцето, грчеви во мускулите или напади на вртоглавица.
Ова се најчестите симптоми на недостаток на калиум:
1. Умор
Доколку постојано сте изморени, а спиете колку што треба, тогаш недостатокот на калиум може да биде причината за тоа. Уморот е поврзан и со стресот, лошата исхрана и недостатокот на сон, што се исто така проблеми поврзани со недостаток на калиум во организмот.
2. Грчеви во мускулите
Доколку чувствувате болки или грчеви во текот на целиот ден или во текот на вежбањето, тоа може да биде предизвикано од ниското ниво на калиум во телото затоа што тој е неопходен за работата на мускулите.
3. Висок крвен притисок
Без доволно калиум во телото, крвните садови можат да се стеснат, а тоа води до зголемен крвен притисок.
4. Надуеност
Телото има проблем со регулирањето соли во организмот кога му фали калиум. Тоа може да води до постојана надуеност.
5. Слабост, вртоглавица
Голем пад на нивото на калиум во организмот води до намалување на чукањето на срцето, а доколку чувствувате трпнење во рацете или нозете, тогаш консултирајте се со лекар.